Разрешената класна од неготинската гимназија вели дека неправедно и е одземен класот

Од:

Неправедно ми го одзедоа класот, вели разрешената класна раководителка од неготинската гимназија, Јагода Јосифова, професор по хемија. Тврди дека решението за разрешување потпишано од директорката која си поднесе оставка по спорната екскузрија, го добила преку хигиеничарка во училиштето.

Јосифова била раководител на екскурзијата, а инаку е претседател на синдикалната организација во гимназијата.

– Во целата оваа ситуација, просто помислувам дека некои работи можеби биле изрежирани за да завршат вака. Се прашувам можно ли е некој ова смислено да ми го прави бидејќи бев помошник директор за време на претходното раководство во гимназијата. Со години работам тука и сум водела ученици на екскурзија, ова ми се нема случено. Не бев класна на двајцата ученици кои беа оставени во Италија затоа што доцнеа 45 минути. Можам само да кажам дека и нивната класна раководителка е разрешена. Но ова не е праведно, бидејќи, дури и ако сносиме вина, ние не сме најголемите, а уште помалку единствените виновници во целиот овој случај, нагласува Јосифова.

Би можело да ве интересира

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски