Шеесет и шестгодишен неготинец каснат од змија во лозјето

Од:

Шеесет и шестгодишен неготинец бил каснат од змија утрово додека работел во лозјето. Од Здравствен дом Неготино потврдија за МИА дека во установата бил донесен пациент роден 1952 година, кој имал змиско каснување. Лицето примило серум и со службено возило било пренесено во кавадаречката болница, каде било задржано.

Пред неколку дена, неготинка исто така беше касната од змија додека работела во лозовиот насад.

Познавачите на состојбите велат дека во овој период од годината змискиот отров е најсилен.

Според хирургот Дано Кулев, по околу седум каснувања од змии има годишно во Тиквешко. Тој апелираше на внимателност, нагласувајќи исто така дека змиите не напаѓаат сами од себе, туку само ако се почувствуваат загрозени.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко