Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Од:

Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи утре во кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ).

Сите факултети во состав на Универзитетот ќе имаат свои штандови и пред заинтересираните матуранти ќе ги презентираат своите наставни програми.

Предвидена е и богата музичка програма, со настапи на музичката група „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Irie Scratch.

Исто така, предвиден е поголем простор (тревникот на кампусот) за презентација и активности на студентските организации од сите Факултети од УКИМ.

Матурантите, на едно место, ќе можат да се запознаат со Универзитет и да ги одберат вистинските студии за градење на својата успешна кариера.

Сите заинтересирани можат да пронајдат повеќе информации за настанот на Фејсбук страницата Ден на високото образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, или на постерите поставени на огласните табли низ средните училишта низ Македонија.

Би можело да ве интересира

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани