СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да ги надмине погубните политики на Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред да се впуштат во неговото коментирање, во ВМРО-ДПМНЕ треба внимателно да го прочитаат Законот за високото образование.

Партијата којашто со 11 годишното неодговорно и криминално владеење го урниса образованиот систем и нанесе огромни штети врз високото образование нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во образованието.

Јавноста не заборава дека за време на нивното 11 годишно владеење, студентските претставници се избираа на насилен начин со злоупотреба на специјална полиција, која упаѓаше во читална и брутално малтретираше студенти.

На јавноста ѝ е целосно јасно и во потполност ја разбира агонијата и стравот што независното студентско движење го предизвикува кај ВМРО-ДПМНЕ.

Со денешните реакции, ВМРО-ДПМНЕ остава впечаток дека не може да ги надмине погубните политики на Никола Груевски и продолжува да се однесува лицемерно кон студентите и професорите.

За бесплатно студирање и ослободувањето од плаќање партиципација ќе одлучува Националниот совет за високото образование, кој ќе предложи ослободување од партиципација за лицата со инвалидност, лица без родители, но и други лица и студенти со висок просек да бидат ослободени од партиципација за студирање.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога професорите и студентите беа манипулирани и малтретирани, а образованието урнисано, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство посветено работат на создавање на квалитетно високо образование коешто е во интерес на студентите, пофесорите и универзитетите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати