Џенерал Моторс ќе користи 3-Д печатачи за производство на автомобилски делови

Од:

Американскиот автомобилски гигант Џенерал Моторс најави дека ќе почне да употребува тродимензионални принтери за производство на некои од деловите на автомобилите.

Целта на проектот, кој Џенерал Моторс го развива заедно со компанијата Аутодеск, е да се намали тежината на автомобилите, за нивно полесно префрлање на електричен погон.

Компанијата претстави еден дел од седиште на автомобил, за чие производство сега се потребни осум под-делови и неколку снабдувачи, а вкој во иднна ќе може да се отпечати во еден дел, со помош на 3-Д принтер, а благодарение на модерните материјали за печатење, делот е значително полесен и поцврст.

Компанијата се надева дека во следните пет години, неколку илјади автомобилски делови кои сега ги вградува во своите возила ќе може да се произведуваат со 3-Д печатачи.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска