Штрајкот на вработените во јавниот транспорт во Грција ќе продолжи во следните два дена

Од:

Вработените во јавниот транспорт во Атина објавија дека ги продолжуваат протестите и покрај вчерашната одлука на грчкиот суд, кој го определи како незаконски штрајкот во атинското метро.

Освен вработените во метрото, штрајкуваат и службениците во трамваите, автобусите и тролејбусите. Протестните дејствија тие планираат да ги продолжат и утре и задутре.

Се очекува штрајкот да создаде проблеми за движењето во грчката престолнина во најфреквентниот период од денот.

Транспортните службеници протестираат против планираното намалување на платите. Законот предвидува платите да бидат намалени за 25 отсто, но синдикатите тврдат, дека тоа ќе биде 50 процентно намалување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција