Два авиони на руското министерство за вонредни ситуации полетаа денеска од Москва и Подмосковјето за Бејрут, за да ги вратат во татковината руските граѓани кои сакаат да ја напуштат Сирија.
Авионите ЈАК-42 и Ил-76 ќе вратат повеќе од 100 руски гаѓани, кои веќе се наоѓаат во Либан, во најголем број жени и деца.
Руски дипломат нагласи дека не станува збор за никаков план за евакуација на руски граѓани од Сирија. Според него причината е дека поради сириската состојба, аеродромот во Дамаск не работи во нормален режим, и голем број Руси што живеат во Сирија побарале од амбасадата во Дамаск да им помогн во патувањето.