СДСМ: Се обврзуваме да работиме на дополнително унапредување на медиумските слободи

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упатува честитки до новинарите, снимателите, фоторепортерите и сите медиумски работници во Македонија.

Нека е честит 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите!

Истовремено, СДСМ се обврзува да продолжи да работи на подобрување на условите за медиумските работници и развивање на медиумските слободи согласно демократските стандарди и европските практики.

Медиумите се важен дел од секое современо општество и еден од клучните инструменти за демократизација, едукација и отчетност во секоја држава.

Сите може да бидат горди што го одбележуваме овој ден во слободна и демократска Република Македонија, земја што ги дели европските вредности и чекори на европскиот пат.

Новиот пристап на професионализација на институциите и градењето партнерски однос со медиумите, ослободени од било какви политички притисоци, ја гарантираат слободата на говор и ја унапредуваат транспарентноста.

Разбираме дека е потребно унапредување на условите за работа на медиумските работници и достигнување на што повисоки стандарди во медиумските слободи. Се обврзуваме тоа да го постигнеме заедно.

Македонија и нејзините граѓаните заслужуваат професионално и одговорно новинарство, заштитено од притисоци, со задоволни новинари и медиумски работници кои слободно создаваат“, се вели во честитката на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он