Британските весници се „најнепокорни“ во светот

Од:

Британскиот адвокат Роберт Џеј, кој ги водеше сите сослушувања во текот на долгата, јавна истрага на судијата Левисон, за состојбата и етичноста на медиумите, изјави дека весниците во Велика Британија се „најнепокорните“ во светот и како никаде на друго место „безбожни“.

Џеј кој во текот на деветмесечните испрашувања ги сослушуваше актуелниот премиер Дејвид Камерон, сите живи поранешни британски премиери, освен Маргарет Тачер, потоа основачот на глобалната медиумска империја „Њуз Корпорејшн“ Руперт Мардок, како и цела низа главни уредници и познати лица од британскиот јавен живот, трудејќи се да остане непристрасен, во свето прво јавно обраќање по завршувањето на истрагата, остро се нафрли врз весниците и нивното работење.

Според адвокатот Џеј, лондонските таблоиди, градејќи ги своите написи и тиражни приказни, вршат редовно напад врз приватноста на луѓето, во услови во кои тие немаат можност да се бранат и одбранат.

Судијата Левисон, во својот завршен извештај од две илјади страници, побара регулирање на работата на весниците во Велика Британија, но остана нејасно дали тој инсистира на донесување закон за печатот. Опозиционите партии, предводени од лабуристите и нивните медиуми, инсистираат дека работењето на весниците мора да се регулира со закон, додека Владата, ториевците, како и весниците, освен пролабуристичкиот „Гардијан“ се против тоа.

Противниците на озаконување на работата на весниците, што најмногу ќе ги погоди таблоидите, тврдат дека со тоа ќе се загрози слободата на печатот, демократска придобивка по која Велика Британија е предводник во светот.

Роберт Џеј сега откри дека не мисли така, па на едно предавање, пред локалните правници во Сингапур, изјави дека стравувањата од озаконување на работата навесниците се претерани и премногу нагласени.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство