ВМРО-ДПМНЕ: Додека кланот Заев влегува во милионски бизниси, граѓаните се соочуваат со лош стандард

Од:

„Криминалниот картел ја приватизира државата. Постои сомнеж дека фирмите на Заеви преку РЕК Битола земаат пари од државниот Буџет.

Заев, кој тврдеше дека неговите фирми немаат ништо заедничко со ископ на јаглен, сега ретерира дека имале механизација, но ја продале. Сепак Заев бега од одговори и не кажува што бараат камиони со Струмички регистарски таблички за кои постои сомнеж дека се на Вице Заев, со налепници на „СВ – Инвест“ во РЕК Битола.

Заев се вплетка во сопствените изговори и бега од одговори на клучни прашања. Заев бега од одговори, како што бега од одговори како фирмите на кланот Заеви го купија струмичкиот конфекциски гигант Герас Цунев со над 1.800 м2 деловен простор, за цена од само 20.000 евра. Неодамна кланот Заеви влезе и во милионскиот бизнис со марихуана.

Заев треба да одговори, колку е зголемен семејниот имот откако тој е премиер и во колку милионски бизниси влегуваат неговите блиски?

Дали позицијата на Заев се користи за зголемување на семејното богатство?

Додека кланот Заев влегува во милионски бизниси, граѓаните се соочуваат со лош стандард, намалување на просечната плата за над 800 денари, држава со јавен долг над 5 милијарди, уплашена бизнис заедница и лоши економски показатели.

Државата тоне, а Заев менаџира со државните ресурси само за потребите на картелот. Заев не работи за граѓаните, Заев работи за интересот на неговиот клан. Државата и граѓаните заслужуваат подобро. Оваа ненародна власт мора да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата

Катерина Ѓуровски

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа