Џафери се уште не го испратил Законот за јазиците до Службен весник

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери се уште не го испратил Законот за употреба на јазиците за објавување во Службен весник и не прецизира кога тоа ќе го направи.

– Не сум оптоварен со времето, затоа што нема ограничување во врска со временското одлучување за објавување на законот, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандум за соработка за спроведување на проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на 27 април рече дека ќе го пушти Законот за јазиците за објавување во Службен весник, но и тогаш не прецизираше кога.

Во врска со тоа дали има согласност со опозицијата за донесувањето на реформски закони, Џафери рече дека за постоечката сороботка говори и тоа што на вчерашната седница биле донесени законите за кои е потребно двотретинско мнозинство.

– Има согласност со опозицијата во врска со реформските закони. Впрочем вчера и беа изгласани дел од законите за кои беше потребно двотретинско мнозинство. Во моментот кога ќе продолжиме со седниците кои се заостанати ќе бидат изгласани и останатите закони, рече Џафери.

Би можело да ве интересира

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Немаме пари за истраги и вештачења, состојбата е алармантна, вели државниот обвинител Коцевски

Почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година