Каратистот Дејан Недев на покана на Англиската федерација за традиционално карате од 3 до 7 мај ќе одржи свој карате семинар во неколку карате клубови во Лондон, Англија.
Тој исто така викендот на 6 и 7 мај ќе земе учество и на Ј.К.А. карате семинарот предводен од неколку врвни јапонски карате инструктори во светот како: Сенсеи Охта, Имура, Кобајаши и други повеќекратни шампиони на Јапонија и светот.
Надев веќе неколку години по ред одржува свои карате семинари и предавања во Лондон во соработка со Сенсеи Бериша кој е основач и тренер на Мусвел Хил карате академијата во Лондон која има неколку свои клубови во западен Лондон и е член на Федерацијата за традиционално карате на Англија.