Многу мајки во денешно време се жалат дека партнерите не им помагаат доволно околу децата и домашните работи.
Следуваат неколку совети, кои ќе ви помогнат подобро да го разберете вашиот партнер, но и да го поттикнете повеќе да учествува во родителските обврски.
1. Гледајте ги работите од аголот на вашиот партнер
Жените вообичаено се споредуваат себе си со нивните мажи во однос на тоа колку се ангажирани во рамки на семејството. Гледано од таа перспектива јасно е дека мажите во повеќето случаи имаат многу помалку обврски од жените. Од друга страна мажите вообичаено самите се споредуваат со своите татковци, односно како тие се однесувале или со другите татковци од своето опкружување. Гледано од нивна перспектива често пати се задоволни со себе и своето ангажирање во семејството и домот.
2. Прилагодете ги своите стандарди на неговите
Реално мажите и жените имаат различни стандарди, дури и системи на вредности. Затоа прифатете дека постојат многу поинакви начини од вашите за да се сменат пелените или да се игра и забавува со децата. Вашиот партнер детето ќе го учи на некои работи, на кои вие нема да го учите, но кои исто така се корисни. Вашиот начин не е единствено исправен.
3. Однесувајте се со партнрот како со рамноправен со вас, а не како со помошник
Некои мажи себе си се доживуваат како асистенти на сопругата. Секако треба да го преиспитаат таквиот став, но и жените треба да ги сменат своите идеи за тоа што можат да очекуваат од мажите. Доколку постојатно барате партнерот да ви помогне малку околу вашите обврски, тогаш се подразбира дека сите обврски се на вас и дека тој само привремено улетува. Подобро е од самиот почеток да се договорите околу поделбата на работите и обврските, така што да се подразбира дека вашиот партнер некои работи ги обавува самостојно, а не како ваш помошник.
4. Фалете го вашиот партнер
Генерално мажите не поднесуваат да прават нешто за што не се чувствуваат компетентни. Истовремено многу сакаат комплименти за извршената задача. Затоа пофалете ги кога нешто добро ќе направат. Кажете им тоа да го повторат на ист начин и следниот пат.
5. Дозволете им на татковците повеќе да учествуваат
Дури и кога знатете како да го смирите расплаканото бебе, оставете го вашиот партнер сам да ја протолкува причината за плачењето и да се обиде да го смири. Мажите и жените имаат поинакви начини на „решавање на задачите“. На мажите им е потребна поголема пракса за да почувствуваат самодоверба во врска со извршувањето на различни обврски околу детето.
6. Признајте дека не можете се сами
Покажете му на вашиот партнер дека и вие имате граници и оти постојат работи, кои не можете да ги направите сами, поради што е потребно и тој да се ангажира. Јасно кажете му дека многу би ви значело да ја преземе поголема улога во грижата за детето и домашните работи.
7. Редефинирајте ги надлежностите
Кога е во прашање поделбата на обврските многу парови имаат проблеми околу дефинирање на одредени работи. Имено не се во сите семејства родителските обврски на исто ниво со домашните работи. Затоа сменете ги улогите одвреме на време. Оставете го сопругот да подготви вечера, додека вие се „борите“ со децата. Потрудете се двајцата да бидете доследни во спроведувањето на она што е договорено, пишува Јумама.