Радовишанец до смрт го претепал својот осумгодишен син

Од:

Четириесет и шест годишниот Џ.Ш. од Радовиш вчера го претепал до смрт својот осумгодишен син. Според информациите од полицијата, таткото и синот во последните пет месеци живееле во куќа во близина на Раклишка Река под полигонот во Радовиш.

Убиството се случило кога таткото со дрвен предмет му нанел повреди на синот во градниот кош и тупаници во главата, по што детето починало. Откако увидел дека неговиот син им подлегнал на повредите заедно со другиот малолетен син го однеле во итната медицинска помош при ЈЗУ – Радовиш каде лекарите само ја констатирале смртта на детето.

Увид на лице место извршиле истражен судија и јавен обвинител, по што телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина Скопје каде е констатирана насилна смрт. Против насилниот татко е поднесена кривична пријава за убиство.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата