Најмалку 44 исчезнати при пожар во зграда во Сао Паоло

Од:

Бразилските власти трагаат по најмалку 44 лица, кои се водат како исчезнати по вчерашното уривање на 24-катна зграда зафатена од пожар во центарот на градот Сао Паоло, јави ДПА.

Првично беше соопштено дека при инциднетот загинало едно лице, меѓутоа локалните власти денеска соопштија дека досега официјално не е потврдена смртта на ниту еден цивил или пожарникар, кој учествувал во акцијата на гаснење на пожарот.

Локалните власти информираа дека медицинска помош им била пружена на вкупно 428 лица, без да прецизираат за какви повреди станува збор.

Поради пожарот беа евакуирана жителите на пет околни згради, кои минатата ноќ ја минале во прифатни центри.

Опожарената зграда е поранешно седиште на федералната полиција, кој била напуштена и во неа засолниште нашле десетици бездомници. Според непотврдени информации, во заградата престојувале околу 150 бездомници.

Во гаснењето на вчерашниот пожар учествуваа околу 160 пожарникари со 57 противпожарни возила.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск