Самарас им наложил на министрите да ја забрзаат приватизацијата

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас им наредил на своите министри да ја забрзаат реализацијата на програмата за приватизација на кабинетот, за да се наполни касата, бидејќи во спротивен случај е можно да се појави дупка, која ќе треба да се полни со нови скратувања поради изостанување на приходите во буџетот.

Според весникот „Вима“, на вчерашното итно советување на владата била поднесен „црвен степен“ на тревога, при што премиерот Самарас побарал од министрите и агенцијата за приватизација да го забрзаат темпото.

– Треба да одиме брзо и не треба да губиме повеќе време, сакам неодложни и реални резултати, рекол Самарас, бидејќи сигналите, кои доаѓале до неговиот кабинет од кредиторите биле многу негативни.

По повод забрзаната приватизација, левата опозициска партија СИРИЗА ја обвини власта дека се стреми да ја распродаде државата.

До крајот на март се очекува да бидат финализирани првите големи приватизации – на гасните компании ДЕПА и ДЕСФА.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција