Ако откриваат доверливи информации, судиите ќе останат без работа

Од:

Собранието ги донесе измените на Законот за судови и на Законот за судскиот совет. Во дел од измените на Законот за судови се предвидува дека судија може да одговара дисциплински ако без оправдана причина не ги закажува рочиштата во предметите, ја одолговлекува постапката, или не го зема предметот во работа, заради што настапува застареност на кривичното гонење односно на извршувањето на кривичната санкција за кривично дело.

Во овој закон се предвидува дека претседател на суд може да биде разрешен од функцијата претседател, кога Судскиот совет ќе утврди неприменување на одредбите во врска со управувањето и распределбата на судските предмети и кога се повредени одредбите за измена на годишниот распоред на судии. Судија може да биде разршен ако открива доверливи информации кои ги сознал постапувајќи по предметите или вршејќи ја судиската функција.

Според измените во Законот за судовите, Врховниот суд доби рок за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења за прашања од значење за обезбедување на единството со примената на законите. Рокот не смее да биде подолг од 6 месеци по сопствена иницијатива, по иницијатива на претседател на суд, на судии, или по иницијатива на адвокати. Мислењата треба да се објавуваат на веб-страницата на Врховниот суд. Судските информатичари задолжително стручно ќе се едуцираат преку Академијата за судии и јавни обвинители. За овој закон се прифатени 7 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, а одбиени 8.

Во новиот дополнет Закон за Судскиот совет, пишува дека член на Советот додека трае неговиот мандат, не може да биде избран за судија, за судија во повисок суд или за претседател на суд. Од Законот, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, е избришан членот, според кој, министерот за правда и претседателот на Врховниот суд како членови на Советот, учествуваат во работата на Советот се без право на глас. Член на Советот може да биде оддалечен од вршењето на функцијата ако против него е одобрен обвинителен акт. Одлука за времено оддалечување од функцијата донесува Советот со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас при што од седницата и од гласањето се иззема членот на Советот против кој е поведена постапката.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски