(ВИДЕО) Спасовски: Жените треба да бидат дел од одлучувачките процеси

Од:

Нема дилема или сомнеж каде е местото на жената во сите општествени текови и дали таа треба да биде дел од одлучувачките процеси во државата, нагласи денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на трибината на тема „Жените во безбедносните служби“ во организација на Советот на Македонскиот полициски синдикат за МВР.

– Ја имате мојата поддршка за секој проект и за секоја иницијатива која ќе ја зајакне довербата на граѓаните во нашето Министерство, но истовремено позитивно ќе влијае и на условите за работа во министерството, рече Спасовски.

На трибината се обрати и државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска при што нагласи дека искуството покажува дека образованието, знаењето и вештините се пресудни за една личност да биде компатибилна за одредена професија и работно место.

– Самодовербата да се борите да напредувате, да преземете одговорност за тешки општествени и државни обврски, се стекнува тогаш и само тогаш, кога сте убедени дека вашето знаење и вашите вештини ке излезат на површина побрзо и повидливо од вашиот пол. Ве повикувам да бидете упорни во своето образовно и професионално надградување како и во докажување на вашата способност, зошто безбедноста и мирот во светот и во нашата држава се премногу скапи за да можеме да си дозволиме да бидат раководени од кадровски решенија кои се базирани на стереотипи кои одамна ги прегазило времето, рече Несторовска.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он