Српскиот тренер Љубомир Травица од денеска е нов селектор на машката одбојкарска репрезентација на Македoнија.
– Едно од најпознатите тренерски имиња во светот Љубомир Травица ќе ја предводи машката сениорска репрезентација во квалификациите за Европското првенство и Европската лига. Се надеваме на историски успех, објави Одбојкарската федерација на Македонија.
Во август македонските одбојкари ги очекуваат квалификации за ЕП во група со Унгарија, Украина и Швајцарија.
Травица доаѓа на местото на Драгутин Балтиќ. Тој предводеше повеќе тимови во Италија, грчки Олимпијакос, полски Асеко и загрепска Младост. Од 2003 до 2006 година беше селектор на репрезентацијата на Србија и Црна Гора со која освои бронза на ЕП во 2005 година како и сребро и бронза во Светската лига.