Општина Ѓорче Петров од денеска во наредниот период ќе ја спроведе редовната дератизација и дезинфекција на територија на својата територија.
Со пролетната дератизација ќе бидат опфатени 2.500 шахти на фекална и атмосферска канализација, како и подрумските и тавански простории на сите шест основни училишта во Ѓорче Петров. и двете подрачни „Димитар Поп Георгиев Беровски” во Хром и „Јоаким Крчовски” во село Никиштане.
Работите ги изведува „Зотокс ДООЕЛ”-Скопје.