Повредени 24 лица викендот во сообраќајки во Скопје

Од:

Дваесет и четири лица се здобиле со полесни повреди во 15 од вкупно 23 сообраќајки случени во текот на изминативе два дена на подрачјето на СВР Скопје, а во осум била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека во изминативе два дена сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и седумнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување, како и 39 возачи за некористење заштитен шлем.

Од сообраќај биле исклучени 31 возач кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 30 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 11 возачи почетници, како и пет технички неисправни возила и 41 нерегистрирано возило. Затекнати биле 148 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 51 возило.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози