Шести ден трае штрајкот на вработените во атинското метро кои не ја почитуваат одлуката на раководството и судот да се вратат на своите работни места.
Синдикатот на вработените од метрото во Атина протестираат против планираното намалување на награди на плата. Суд вчера им нареди да се вратат на работа и наведе дека штрајкот е незаконски.
Вработените во јавниот транспорт – автобуси, тролејбуси и трамваи исто така планираат прекин на работата што предизвикува проблеми во грчкиот главен град, јавуваат атински медиуми.