СДСМ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја следи програмата на Богоев, но да ја чита целосно, а не селективно

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Теодора Андоновска од ВМРО ДПМНЕ.

„Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја следи програмата за работа на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

За посочениот парк во Карпош 4, рокот на реализација е од 2018 – 2020 година. Овој временски период е наведен и во самата програма (страница 21) и веќе се преземаат чекори во делот на прибирање на документација за почнување со активностите за изведба на големиот парк.

ВМРО-ДПМНЕ да не ја чита Програма селективно туку целосно.

Во Програмата може да го прочитаат и ветувањето за субвенција за купување на велосипеди во Карпош, мерка која веќе е во тек на реализација во Општината, за која се издвоени 300 илјади денари од Буџетот на Општина Карпош и истата е прифатена со големо задоволство од карпошани.

Во Општина Карпош се врши и надградба на градинката “Мајски Цвет” во Тафталиџе 2, каде што се зголемуваат капацитетите на постоечката градинка, со објект од цврста градба додека во Бардовци во финална фаза е изградбата на целосно нова градинка.

Во Карпош 4 е завршена изградбата и на нова и современа фитнес зона, која исто така беше дел од изборните ветувања на Богоев.

На полето на зазеленувањето на Карпош, само во изминатите две недели заседни се нови 155 висококвалитетни дрвја, рамномерно поделени низ повеќе урбани заедници.

Многу зборови и лаги, но малку факти – типично за ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа