Комплетирани четвртфиналните двојки на Светското првенство во ракомет

Од:

Со двата осминафинални натпревари одиграни синоќа, беа комплетирани четвртфиналните двојки на 23-тото Светско првенство во ракомет што се одржува во Шпанија.

Во четвртфиналето утре ќе играат: Германија – Шпанија и Франција – Хрватска во Сарагоса, додека Русија – Словенија и Данска – Унгарија ќе играат во Барселона.

На синоќа одиграните осминафинални натпревари беа постигнати следниве резултати: Хрватска – Белорусија 33:24, Унгарија – Полска 27:19, Шпанија – Србија 31:20 и Словенија – Египет 31:26.

Првите четири дуели од осминафиналната фаза завршија со резултат: Македонија – Германија 23:28, Франција – Исланд 30:28, Данска – Тунис 30:23, Русија – Бразил 27:26.

За четвртфиналистите денеска е слободен ден.

Во Гвадалахара се играат натпревари од „Президент купот“: Аргентина – Катар 30:26, Саудиска Арабија – Алжир 24:28, Црна Гора – Чиле 35:31 и Јужна Кореја – Австралија 36:14.

Според тоа утре во борба за пласман ќе играат: Чиле – Австралија (за 23.место), Црна Гора – Јужна Кореја (за 21.место), Катар – Саудиска Арабија (за 19.место) и Аргентина – Алжир (за 17.место).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ