Дваесетгодишен жител од кочанското село Пантелеј заработи кривична пријава за бесправна сеча на 148 дабови стебла.
Како што информираат од МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против Д.З. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“.
– Во текот на ноември 2012 година во селото Пантелеј-кочанско од шума во сопственост на манастирот „Свети Пантелејмон”, пријавениот, извршил бесправна сеча на 148 дабови стебла, се наведува во полицискиот билтен.