Вториот „Вики Камп 2018“ во битолско Дихово

Од:

Во органзиација на „Споделено знаење – Викимедија Македонија“ од 26 до 28 мај во Дихово, Битолско, ќе се одржи вториот „Вики Камп 2018“.

Станува збор за тридневен настан организиран од страна на „Споделено знаење“, огранок на светската Викимедија Фондација, која ги промовира слободните содржини и создава проекти за развој на македонското издание на Википедија.

Дихово е лоцирано во подножјето на планината Баба со поглед кон Пелистер во предел со изобилство на природни и културни знаменитости, кои самите по себе се основа за содржини со кои учесниците ќе ја надополнат и збогатат Википедија на македонски јазик.

– Целта на кампот е учесниците да се запознаат подобро со Википедија на македонски јазик, но и со другите сестрински проекти на Викимедија, кои се корисна алатка во секојдневниот живот и работење како извор на знаење и информации кои може да се споделат и од самите корисници, наведуваат организаторите.

Учесниците ќе бидат обучени за уредување статии на Википедија, подигнување фотографии на Заедничката Ризница (депозитар на слободни фотографии), извршување теренски истражување, фотографирање за потребите на Википедија, внес на проверени извори и информации и други работи. Исто така, учесниците ќе бидат запознаени и со Викиекспедициите кои се проект на „Споделено знаење“ кои имаат за цел да ја збогатат Википедија на македонски јазик со информации поврзани со Македонија (градови, села, цркви, манастири и слично) .

Пријавувањето за кампот е преку пополнување на формуларот кој треба да се испрати најдоцна до 15 мај, по што комисија од искусни Википедијанци ќе одбере 25 учесници.

Првиот Вики Камп се одржа минатата година во живописното Брајчино.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани