(ВИДЕО) Заев: Ме местеа за поткуп за да ги спречат бомбите

Од:

„Ме местеа за ги спречат бомбите“, рече премиерот Зоран Заев, кој е обвинет за случајот „Поткуп“, по денешното судско рочиште. Тој рече дека, најверојатно, станува збор за пазарање со одредени политички структури за да биде спречено објавувањето на бомбите.

Кога судијата Дарко Тодорвски соопшти дека Апелациониот суд во Скопје ја прифатил жалбата на Обвинителството, видеоснимката од кабинетот на Заев да биде пуштена во судницата без присуство на новинарите, премиерот рече дека ќе бараат начин исечените делови од видеото да ги пуштат во јавноста.

„Станува збор за моето достоинство и углед“, рече Заев. Тој потенцира дека снимките што биле пуштени во судницата го докажуваат тоа што го тврделе, дека станува збор за местенка за да се оцрни неговиот углед. „Кога се говори за пари, се говори за железо, цемент, тули за црквата“, рече Заев. Тој очекува предметот да финишира. На крајот на рочиштето, кога јавноста повторно се врати, адвокатот Филип Медарски соопшти дека се откажува од нивните предлози да бидат сослушани тројца сведоци и од дополнителни докази. На тоа обвинителката Валентина Бислимовска не се противеше, по што, на судењето закажано за 7 мај, Заев треба да биде распрашан. Уше едно дополнително рочиште судијата закажа за 15 мај.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Косовец на полицаец му дал 10 евра поткуп, па завршил во станица

Горан Наумовски

30 дена притвор за директорот на Геријатрија и негов соработник за примање поткуп од 20.000 евра

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?

Зел мито за операција, приведен хирург од болницата во Битола

Катерина Ѓуровски

Обвинение за цариници, инспектори и полицаец во предметот „Премин“: земале поткуп, пуштале нецаринета роба