Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Миладиновци-Мралино

Од:

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што синоќа околу 23 часот се случила на локалниот пат село Миладиновци – село Мралино, Скопско.

Како што информира МВР, во несреќата патничко моторно возило “Ауди А3“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.Б. (60) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело на кров.

Е.Б. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози