Невообичаено топол бран за овој период од годината ја зафати Бугарија и температурата денес достигна 19 степени Целзиусови на брегот на Црното Море и на југ од земјата, објави метеоролошката служба.
Додека Западна и Централна Европа се парализирани со снег и мраз, Бугарија бележи рекордно високи температури во последните 100 години за 21 јануари.
Во Ахтопол на југоистокот на земјата, температурата е 19 степени, а во Софија се измерени 16 степени.
“Ова се највисоките температури забележани од пред 100 години, кога се почнати метеоролошките мерења”, изјави за Франс прес официјален претставник на метеоролошката служба.