Викендов 32 сообраќајки во Скопје, велосипедист тешко повреден

Од:

Велосипедист бил потешко повреден во една од вкупно 32 сообраќајки случени во текот на викендов на подрачјето на СВР Скопје. Во 17 сообраќајки со полесни повреди се здобиле 22 лица, а во 14 била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и пет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, како и 10 возачи за не користење на заштитен шлем. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени 40 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 45 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 10 возачи почетници, како и едно технички неисправно возило, 42 нерегистрирани возила и три возила за претовар. Затекнати биле 249 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 123 возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози