Хамилтон со многу среќа до победа во Азербејџан

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на Формула 1 трката што денеска се возеше во Баку за Големата награда на Азербејџан.

Британецот до својата прва победа оваа сезона стигна со време 1:43:44.291 час, пред Кими Раиконен од Ферари кој доцнеше 2.460 секунди зад победникот и Серхио Перез од Форс Индија со 4.024 секунди побавно време од победникот.

Иако во најголем дел од трката беше на првото место, на крајот Себастијан Фетел од Ферари заврши на 4. место.

На патеката во Баку се случија неколку инциденти поради што излегуваше безбедносното возило.

Клупските колеги од Ред Бул, Верстапен и Рикардо се судрија при обид на Рикардо да го престигне младиот Верстапен, по што и двајцата испаднаа од конкуренција. При излегувањето на безбедносното возило, сите водечки возачи влегоа во боксот, по што Ботас изби на првата позиција пред Фетел. Повлекувањето на безбедносното возило го одложи Роман Грожан, кој обидувајќи се да ги загрее гумите се заби во ѕидот.

По рестарот на трката, Фетел се обиде да го престигне Ботас, но задоцни со кочењето, по што заврши на четврата позиција, а на неколку група пред крајот, Валтери Ботас ја напушти трката поради пукања на гума, на десното задно тркало.

Актуелниот шампион Хамилтон по овој триумф е нов лидер во Генералниот пласман со 70 бода. Фетел е втор со 66, трет е Раиконен со 48

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур