Принцот Хари: Пукав во непријателите

Од:

Британскиот принц Хари изјави дека пукал во талибанските бунтовници за време на мисијата во Авганистан, каде што беше пилот на борбен хеликоптер.

Принцот Хари, кој помина пет месеци во Авганистан и чија мисија штотуку заврши, даде интервју за БиБиСи (BBC) за својата улога како ко-пилот на хеликоптер “Апач” и за тоа дали убивал непријатели или не.

“Да, повеќето тоа го правеа. Членовите на мојата единица, сите отвораа оган во некој момент”, рече британскиот принц Хари и додаде – “. Ако постојат луѓе кои се обидуваат да им прават лоши работи на нашите момци тогаш ги отстрануваме од игра”

Принцот Хари го напушти Авганистан денес, а на новинарските екипи им беше дозволено да го интервјуираат под услов ништо да не емитуваат додека Хари не си отиде од Авганистан.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство