(ВИДЕО) Локвенец: До пред една година Македонија беше заробена и изолирана држава, а денес е пријател на регионот

Од:

Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец денеска на прес-конференција изјави дека Македонија конечно тргна напред.

– За само неколку месеци, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство преку посветена и одговорна работа успеаа да ја вратат државата на вистинскиот пат, патот на соработка, пријателство, напредок и евроинтеграции. Вчерашниот ден најдобро го отсликува контрастот помеѓу Македониија која до пред само една година беше заробена и изолирана држава и Македонија денес, почитувана држава, пријател на регионот и Европа. Позитивните оценки од претседателот на Европскиот парламент Доналд Туск уште еднаш ги потврдија успешните чекори на Владата предводена од СДСМ во спроведувањето на зацртаните реформи, рече Локвенец.

Тој додаде дека неусловената препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ ја придвижи Македонија кон патот на интеграцијата.

– Ваквиот успех на меѓународен план, рефлектира и со позитивни движења во економијата, раст на платите, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард. Стабилноста на општеството резултира со зголемување на инвестициите, на индустриското производство, се отвораат нови фондови, нови развојни линии, се отвораат нови работни места. По потпишувањето на Договорот за добрососедство со Република Бугарија економската размена со Република Бугарија бележи раст што позитивно влијае врз севкупната економска клима. Сето ова има позитивен импакт врз отворањето на нови работни места, повисоки плати и економски раст, но истовремено е и дополнителeн поттик за нас како владеачка партија, рече Локвенец.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски