Морси: Против интервенцијата на Франција

Од:

Египетскиот претседател Мохамед Морси изјави дека тој се спротивставува на француската воена интервенција во Мали, затоа што, според неговите зборови, таа создава “ново поприште на судири”.

Тој оцени дека овие судири, арапскиот север ќе го одвојат од јужните соседи.

Во своето обраќање на самитот на арапската лига во Саудиска Арабија, Морси исто така, изрази поддршка на Алжир во неговата борба за зачувување на безбедноста – што беше референца на исламистичката опсада на гасната централа, во која минатата недела загинаа 38 заложници и 29 исламисти.

Маскираната група што ја презеде одговорноста за нападот, предупреди дека ќе изврши такви напади против било која земја која ја поддржува француската интервенција во Мали. Француската армија се обидува да го запре напредувањето на исламските екстремисти во таа земја.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски