Демократски сојуз: Потребен е консензус од сите релевантни политички партии околу државната стратегија

Од:

„Силната маѓународна поддршка на Република Македонија и позитивните оценки за демократските промени,се историска шанса сите политички партии да седнат заедно на маса и да дефинираат стратегија за надминување на спорот околу нашето Уставно име наметнат од Република Грција и да преземат одговорност за иднината и перспективите на државата.

Неспорно е дека за влез во НАТО и Европската Унија постои политички и граѓански консензус и поддршка од земјите членки на НАТО и ЕУ, но факт е дека десет години евроатланските процеси беа блокирани и Македонија стагнираше.

Шансите што се отворија треба да се искористат, но воедно да се гради и стратегија како понатаму доколку приемот во НАТО и започнувње на пристапните преговори за влез во ЕУ и натаму се развлекуваат.

Очекувањата на граѓаните се огромни, но трпението е потрошено, затоа треба консензус и преземање на дел од одговорноста од сите релевантни политички партии околу државната стратегија“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Протестите за јазикот се политички мотивирани, потребно е уставно решение

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа