Општина Центар започна со реализација на проектот „Безбеден Центар“

Од:

Општина Центар работи на зголемување на безбедноста и на подигање на свеста кај граѓаните и учесниците во сообраќајот.

Со фарбање на улиците во делот каде што е предвидена Зона 30 во Дебар Маало, се поставува хоризонтална сигнализација која што ќе ги предупредува учесниците во сообраќајот дека навлегуваат во зона на смирен сообраќај. Општина Центар продолжува и со поставување на безбедносни столбови на улиците Дебар Маало за ослободување на тротоарите од нелегално паркираните возила и за слободно движење на пешаците.

За подобрување на хигиената, во соработка со Комунална хигиена, општината ги замени старите подземни контејнери со нови кои не рѓосуваат.

Апелираме до жителите и до сите граѓани да ги почитуваат насоките и заложбите за чист Центар и заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар