Стеф Блок: Проблемот со името може да се реши

Од:

Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок денеска изјави дека проблемот со името може да биде решен за да се почне со процедурата за членство на Македонија во НАТО и додаде дека тој доаѓа од земја која има повеќе имиња.

– Грција и Македонија треба да се договорат за прашањето за името. Кога ќе биде решено, и се разбира Македонија треба да ги исполнува критериумите за НАТО, можеме да почнеме со процедурата за придружување. Се надевам дека има придвижување од двете страни за решавањето на името. Според мене, проблем за име може да биде решен. Живеам во земја што се вика Холандија, Недерланд или Пеи Бас, Пајси Баси и многу сум среќен што живеам во земја со повеќе имиња. Тоа сите го признаваат, изјави Блок.

Во Брисел денеска се одржа состанок на шефовите на дипломатиите на НАТО.

По средбата генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека НАТО останува на политиката на отворени врати. На состанокот се разговарало за Босна и Херцеговина, Македонија и Украина.

– За може да се стане членка потребно е една земја да побара членство и 29 сојузници тоа да го одобрат. Никој друг нема право да побара вето.

Столтенберг изјави, дека денеска сојузниците зборувале и за Русија и се согласиле дека НАТО политиката, комбинирана од силно разубедување и одбрана заедно со дијалог, е исправна.

– Седумдесет години НАТО ги штити сојузниците. Истовремено, гледаме се повеќе обиди за заплашување и дестаблизација. Вклучително и сајбер напади, обиди да се нарушат нашите демократски институции, дезинформација и пропаганда, изјави Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Холандија се закани: НАТО ќе соборува руски авиони

Драма во Холандија: Полицијата уби тинејџер пред ресторан за брза храна откако украде велосипед

Експлозија во Холандија, оштетени се четири куќи, повредени се три лица

(ВИДЕО) Брутална тепачка меѓу навивачи и полиција, запален автомобил, коњаницата ги растера демонстрантите

Холандија испраќа војници на првата линија во Украина

Несреќа во Холандија: Се урна балон со 34 патници, едно лице загина, петмина се повредени