Општина Кисела Вода им помага на полуматурантите да ја изберат својата професија

Од:

Општина Кисела Вода започна со реализација на проект кој има за цел на деветоодделенците од општинските основни училишта да им помогне при изборот на нивната идна професија.

За таа цел, полуматурантите од ООУ „Круме Кепески“, ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Св. Климент Охридски“ посетија неколку индустриски капацитети/фирми кои гравитираат на територијата на општината.

Полуматурантите од ООУ „Круме Кепески“ ја посетија текстилната фабрика Bella, каде од страна на тимот вработени беа запознаени со процесот на изработка на модерно дизајнирана облека.

Презентирани им беа и потребните материјали за производство на истата, машини за шиење, цртежи на разно дизајнирани модели, фустани и костими.

Беа запознаени и со условите за вработување, за кадарот кој им е потребен за успешно изработен финален производ. На оваа посета заинтересираните ученици добија и одговори на прашањата за кои се интересираа.

Додека пак, учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ беа во посета на Сојузот на здружение на возачи на Македонија во населба Драчево.

Тимот на вработени инжинери, контролори и референти им ја презентираа работата која ја извршуваат.

Им беа презентирани законските обврски кој ги има секој возач, како и процедурата за регистрирање на возило. Учениците имаа можност да видат и како се врши технички преглед на возило.

Во посета на уште една успешна фирма која опстојува на територијата на Општина Кисела Вода беа и учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“.

Во познатата графичка компанија Bato&Divajn, специјализирана за индустриско производство, за високо технолошко печатење, полуматурантите имаа можност да се информираат за работата на оваа фирма, се запознаа со потребните професии кои треба да ги имаат за работа во истата.

Тие ги разгледаа производствените капацитети, машините на кои се врши печатењето, а беа и во одделот за дизајн и подготовка кој е составен дел од севкупниот процес до изработка на финален производ.

Покрај ова, од страна на вработените им беа презентирани дел од светски познатите брендови за кои изработуваат производи.

Учениците видно задоволни од оваа посета од страна на тимот од Bato&Divajn добија и одговори на прашањата за кои се интересираа. Имено, Bato&Divajn повеќе од 20 години ги задоволува потребите на пазарот на Југоистoчна Европа.

Циклусот на посети на фирми кои полуматурантите од општинските основни училипшта ги започнаа оваа работна недела ќе продолжат да се одвиваат се до средината на месец мај.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода