Во Велес отворена изложба на Драган Верговски-Алпи

Од:

Народниот музеј од Велес синоќа во Ликовниот салон ја отвори изложбата на слики на Драган Верговски-Алпи, насловена „Ликовни записи, акрил, мотиви од река Црна, Вардар и Стоби“ акрилни флеки на платно и алуминиумско саќе.

Драган Верговски – Алпи, е aкадемски сликар, член на ДЛУМ, конзерватор советник во пензија, од Националниот конзерваторски центар, Скопје.

Како што појасни Елица Николова историчар на уметноста-археолог претставени се 33 дела во мал формат, инспирирани од локалитетот-античкиот град Стоби, реката Црна и реката Вардар, а сите 33 дела се настанати во Стоби, каде авторот долги години работи на конзервација и репарација на мозаиците на локалитетот во обид да ги доближи до нивниот некогашен изглед.

Авторот Драган Вергосвки-Алпи за МИА појасни дека работи платно,картон и алуминиумско саќе – материјали со кои работи на конзервација на мозаиците.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски