Хортикултурно уредени повеќе локации во Неготино

Од:

Во рамки на проектот „Мојот убав град“ хортикултурно се уредени повеќе локации во Неготино, а реализацијата е на Јавното претпријатие” Комуналец”.

– Се разубавуваше централното градско подрачје, паркот во близина на Музејот, околината на спортската сала Младост и други локации во Неготино, вели неготинскиот градоначалник Тони Делков.

Засадени се зимзелени украсни жбунести растенија за разубавување на просторот, а истовремено на повеќе места се изврши косење на нараснатата трева.

– Активностите од проектот „Мојот убав град“ продолжуваат и ќе се одвиваат во континуитет на територијата на целиот град, а планирано е хортикултурно уредување и на влезот и излезот на Неготино, додава градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко