Тракторист прегазен и тешко повреден од сопствениот трактор

Од:

Тракторист од село Сирково во текот на вчерашниот ден бил прегазен од својот трактор и се здобил со тешки повреди, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Лицето В. Ј.(66) од село Сирково – росоманско, при обид да ја закачи товарната приколка на неговиот трактор марка „ИМТ 533“, во нива лоцирана во непосредна близина на селото, изгубило контрола над тракторот и истиот почнал неконтролирано да се движи. Возачот паднал, по што бил прегазен од тракторот и се здобил со тешки телесни повреди, појасни Додевски.

По укажаната лекарска помош во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, поради карактерот на повредите лицето било пренесено на лекување во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он