Во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска ќе се одржи Конференција на тема „Активности за унапредување на безбедност и здравје при работа“.
Конференцијата се одржува по повод 28 април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.
На конференцијата ќе присуствуваат претставници на социјалните партнери, Министерството за труд и социјална политика, директорот на Државниот инспекторат за труд, претставници од организациите на работодавачи, синдикатите, како и релевантни организации и институции кои го таргетираат прашањето за безбедност и здравје при работа во Република Македонија.
На конференцијата ќе бидат презентирани активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија во насока на обезбедување безбедни и здрави работни места, како и активностите на синдикатите здружени во ССМ.