ВИДЕО: Една година по крвавиот четврток во Собрание, кој е нарачателот?

Од:

Една година по крвавиот четврток во Собранието, условно се осудени само 9 лица. Упадот беше организиран чин за ВМРО-ДПМНЕ да остане на власт. Маскирани лица нападнаа пратеници и новинари, со планирано сценарио за убиства.

Локви крв имаше во прес-центарот на Собранието. Пратеникот Зијадин Села беше во бессознание, додека дел од пратениците беа тешко повредени, со пукнати глави.

Една година по крвавиот четврток во Собрание, кој е нарачателот?

Една година по крвавиот четврток во Собрание, кој е нарачателот?

Posted by A1on.mk on Петок, 27 април 2018

Напаѓачите со стативи, компјутери, столици и други предмети фрлаа кон присутните, сите стравуваа за своите животи мислејќи дека нема да излезат живи. Полицијата не реагираше неколку часа, а по нападот, стотина лица барале лекарска помош во болниците. Ден по упадот, беа пронајдени експлозивни направи пред прес-центарот во Собранието.

Обвинителството не откри кој е осомничен за нарачател и организатор на упадот. Помеѓу напаѓачите имаше вработени во полицијата и армијата, но и поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела. Дел од осомничените излегоа од притвор, а останатите го чекаат почетокот на судењето. За крвавото сценарио, нема отпочнато судска постапка. Обвинителството испитува, судот бавно реагира. Организаторите и нарачателите и по една година се на слобода.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител