Четиричлено семејство – татко, мајка и нивните два сина, од три и осум години, биле пронајдени мртви во нивниот стан во бугарскиот град Пловдив, соопшти денеска локалната полиција.
Таткото, офицер од околната воздухопловна база Граф Игнатиево, имал дозвола за пиштол, кој бил пронајден до неговото тело.
Ова е втор сличен инцидент во Бугарија за минатата година, потсети АФП.
Само пред десетина дена, во Софија беше пронајдено убиено петчлено семејство.
Според резултатите на истрагата, 55-годишниот татко, пензиониран воен офицер, ја убил својата сопруга, двата возрасни синови и бабата, по што извршил самоубиство.
Минатата недела јавноста излезе приказна дека, исто така во Бугарија, еден невработен татко, со години ги држел своите деца – два сина и две ќерки на возраст меѓу 13 и 19 години – затворени во куќата.
Француска агенција наведува дека причина за овие инциденти најверојатно е “сиромаштијата и очајот.”
Животниот стандард во Бугарија се смета за најлош од сите земји на Европската унија, а просечната плата е 506 евра месечно, иако многу вработени заработуваат помалку.