„Целта на случајот Пајажина беше да се затвори А1 телевизија и весниците“, изјави Велија Рамковски, кој денеска на јавната седница во скопска Апелација побара пресудата за случајот „Пајажина“ да биде поништена.
Рамковски е осуден од првостепениот суд на 13 години затвор. Неговата ќерка Емел која е осудена на шест години затвор и денеска рече дека ниту во Македонија ниту во Турција сторила некаков криминал. Таа потенцираше дека поради притворот 25 месеци е одделена од своите деца. Амди Рамковски пак рече дека единствена причина поради која е осуден е тоа што е брат на Велија Рамковски.
Поранешниот директорите на А1 уверуваа дека ниту правеле ниту знаеле за криминал.
„Ве молам во мое и во име на мојата фамилија и двете малолетни деца како и во име на правдината разгледајте ги моите аргументи и она што го посочи мојата одбрана. Единствено што барам е фер судење“, истакна на крај Дарко Перушевски.
Не сум криминалец, а овие две години ме чинеа здравје, егзистенција и кариера. Барам фер судење, рече Анета Кочишки осудена на две години и три месеци.
Апелациските судии во наредните неколку недели ќе ги анализираат забелешките на обвинителството и одбраната и ќе ја подготвуваат правосилната пресуда.