Малите компании се судираат со проблеми од административна природа

Од:

Со многу проблеми се соочуваат компаниите во градежништвото, земјоделство, туризмот, текстилството и ИТ технологија и како тие да се надминат преку конкретни решенија за менување на законската регулатива се прашањата на кои денеска во Струмица на инфо сесија дебатираа претставници на стопанските комори на Македонија, Организацијата „Епи Центар Интернационал“ и претставници на компании од струмичкиот регион.

Инфо сесијата се одржа во рамките на реализацијата на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

Според Ирена Мојсовска, од Стопанската комора на Македонија, малите, микро и средните компании се судираат секојдневно со многу проблеми.

– Има повеќе проблеми како што се во делот на работните односи, потоа во делот на животната средина, но со конкретна анализа ќе излеземе по завршувањето на овие 20 информативни сесии во септември годинава, рече Мојсовска.

Низ сесиите досега поминале повеќе од 500 компании на различни теми. Затоа и проблемите се различни во зависностод секторот од кој доаѓаат компаниите.

– Компаниите најмногу ги погодуваат проблемите со капацитетот на администрацијата во спроведувањето на прописите. Едно е да се напише закон и да се донесе и тоа најчесто се прави со добра волја и добра намера, но за жал кога треба да се спроведе законското решение се јавуваат големи проблеми. Втор проблем е униформноста, односно како некои прописи се спроведуваат во Скопје, во Битола, во Струмица, во Тетово. Исто така, проблеми се јавуваат и во усогласувањето на законите со европското законодавство. Знаеме дека капациетот на нашите фирми е многу различен, а условите за работа не се исти како во други земји и тој процес на прилагодување не оди лесно, смета Љупчо Димовски од „Епи Центар Интернационал“, организација која ги спроведува сите проектни активности од овој проект.

Инаку, проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е на УСАИД. Целта е преку подобра правна усогласеност на компаниите и поддршката на механизмите за јавно-приватен дијалог да се зајакнуваат и капацитетите на Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациси технологии-МАСИТ, Стопанска комора на Северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија за да можат подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски