Одбележана 75-годишнината од излегувањето на гевгелиските партизани

Од:

На пригоден начин гевгеличани денеска го одбележаа денот кога пред 75 години излегле првите партизани од градот и околината кои во рамки на формираните одреди се бореле за ослободување на земјата од фашистичкиот окупатор.

Делегации на боречката организација, локалната самоуправа на чело со градоначалникот Сашо Поцков, претставници на јавните институции, политичките партии, бизнис секторот и граѓански здруженија по тој повод им оддадоа почит на народните херои и паднатите борци од овој крај со положување цвеќе пред нивните спомен обележја.

За настаните од тоа време зборуваше членот на боречката организација, Јани Ташковски, кој истакна дека тогаш било договорено партизаните да излегуваат во групи поради безбедносни причини и дека токму на денешен ден првата група партизани излегла во потпланинското место Топлик.

– Подоцна етапно излегуваа и другите групи партизани од кои беше формиран одредот „Сава Михајлов“ преку кој се вклучија во НОБ. Затоа денешниот ден за историјата на Гевгелија е многу значаен и наша должност е да продолжиме да го чествуваме, рече Ташковски.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно