Пешак и мотоциклист потешко, а две лица полесно повредени во седум сообраќајки во Скопје

Од:

Пешак и возач на мотоцикл се потешко повредени во две од вкупно седум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во пет полесно биле повредени две лица.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, како и 18 возачи за не користење на заштитен шлем.

Од сообраќај биле исклучени шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 24 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 29 нерегистрирани возила и четири возила за претовар. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 160 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 64 возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози