Основките од „Петар Поп Арсов“ шампионки во одбојка

Од:

Со вкупен резултат од 2:0 во сетови (25:22; 25:15), во финалниот натпревар одигран во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, одбојкарките од ООУ „Петар Поп Арсов“ ги победија основките од ООУ „Владо Тасевски“ во големото финале и со тоа станаа овогодинешни одбојкарски шампионки во општинските училишни лиги.

Претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев, им го подели победничкиот пехар на шампионките, и медалите и дипломите на останатите најдобропласирани екипи. Најкорисен играч во оваа натпреварувачка сезона е Николина Наумова од „Петар Поп Арсов“, а најталентирана ракометарка е Ивона Божиновска од „Владо Тасевски“.

Најдобар играч за оваа година е одбојкарката Ива Чадиковска од „Владо Тасевски“. Бронзениот медал го освоија одбојкарките од „Димо Хаџи Димов“.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ