ЕУ предложи меѓународната средба за Мали да се одржи на 5 февруари во Брисел

Од:

ЕУ предложи да се организира меѓународна средба за Мали, што би се одржала на 5 февруари во Брисел, а на која би учествувале Африканската унија, Економската заедница на државите од западна Африка и ОН, пренесоа светските агенции.

При соопштувањето на веста портпаролот на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон, Мајкл Ман, додаде дека шефот на мисијата на ЕУ за обука на малиската армија францускиот генерал Франсоа Локоентер ќе пристигне во Мали во понеделник, заедно со експертите за подготвување на работата на мисијата.

Целта е оваа мисија да почне да работи најдоцна до средината на февруари. Таа ќе се состои од 450 лица. Десетина земји веќе изразија подготвеност да придонесат во неа со персонал и опрема.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он